Хипертензивна криза
Хипертензивната криза се карактеризира со значително зголемени вредности на крвниот притисок кои можат да доведат до мозочен удар. Екстремно висок притисок – горен (систолен) 180 mmHg или над 180mmHg, и долен (дијастолен) 120 mmHg или над 120мmmHg, екстремно штети на крвните садови што може предизвика истекување на течност или крв надвор од крвниот сад, што може да резултира во нарушена функција на срцето, прскање на голем крвен сад – аорта , мозочен удар, појава на еклампсија (состојба која се јавува во бременоста и го загрозува животот и на мајката и на фетусот).
Хипертензивните кризи може да бидат резултат на неправилна употреба на лекови против висок притисок, слабеење на функцијата на бубрезите, стрес …
Хипертензивната криза може да биде итна, дури и опасна по живот. Симптоми кои укажуваат на ова нарушување се болка во градите, главоболка, нарушување на видот, дезориентација, повраќање, вознемиреност, губење на здивот, задушување, како и слабост во рацете и нозете.
Ако се појави ненадеен пораст на притисок, тоа е императив веднаш да се јавите кај вашиот лекар. Терапијата вклучува хоспитализација и администрација на лекови кои можат да се даваат интравенозно или усно да се земаат, во зависност од состојбата на пациентот.