Мозочен удар
Мозочен удар се јавува како резултат на прекинат или намален проток на крв во мозокот. Доколку мозочното ткиво остане без кислород за неколку минути, клетките на мозокот почнуваат да умираат. Затоа, мозочниот удар е итен случај што бара брза реакција.
Која е причината?
Мозочниот удар може да биде резултат на исхемија (недостаток на проток на крв) предизвикана од блокада (тромбоза, артериска емболија) или крварење (поради висок крвен притисок или аневризма).
Кои се симптомите на мозочен удар?
Најчести симптоми се:
– Проблеми со одење – ненадејна вртоглавица, губење на рамнотежа, губење на координацијата.
– Проблеми со говорот и разбирањето – збунетост, неможност за зборување.
– Парализа или вкочанетост на лицето, рацете или нозете – слабост или вкочанетост особено на едната страна од телото.
– Проблеми со видот – заматен вид, двојна слика или црнило пред очите.
– Главоболка – може да биде придружена со вртоглавица и повраќање.
Кои се ефектите од мозочен удар?
Последиците од мозочен удар зависат од делот на мозокот што е зафатен, како и од тоа колкав дел од ткивото е оштетено. Како последица на мозочнот удар може да се јават проблеми со дишењето, голтањето, координацијата и видот. Третманот и закрепнувањето исто така зависат од видот на мозочниот удар и кај секоја индивидуа е различно.
Како да се спречи мозочен удар?
Превенцијата е единствениот лек!
Правилниот и здрав начин на живот, редовни прегледи кај кардиолог, одржување на нормален крвен притисок, доволно спиење и одмор, здрава храна и физичка активност во голема мера ќе го намалат ризикот од мозочен удар.
Потребно е консумирање на храна што позитивно влијае за здравјето на кардиоваскуларниот систем:
– Сината риба содржи големи количини незаситени масни киселини.
– Зелениот зеленчук е богат со витамин Е – моќен природен антиоксидант
– Оревите се богати со омега-3 киселини.
– Шумските плодови содржат големи количини на витамин Ц
– Доматите имаат многу позитивен ефект врз срцето, крвните садови и го намалуваат крвниот притисок
– Лукот го намалува холестеролот и го спречува згрутчувањето на крвта
– Црно чоколадо
– Зелен чај за детоксикација на телото.