Суправентрикуларна тахикардија (SVT) е забрзување на срцевата работа. Луѓето со ова нарушување чувтсвуваат како наеднаш им се забрзува работата на срцето,но по некое време се нормализира. Забрзаното отчукување на срцето исто така може да биде придружено со болка, затегнатост на градите, вртоглавица и останување без здив. Ова може да трае неколку секунди или минути, а во тешки случаи и подолго. Може да се појави повремено, ретко или често.
Иако суправентрикуларната тахикардија не е опасна по живот, лекарот треба да биде информиран доколку има присуство на симптоми и треба да се направи проверка на работата на срцето – електрокардиограм, за да се потврди дијагнозата.
Суправентрикуларна тахикардија може да се појави кога има проблем со спроведувањето на електрични сигнали што минуваат низ срцето, предизвикувајќи забрзување на неговата работа. Кај некои луѓе, оваа состојба е присутна уште од раѓањето (Волф Паркинсон Вајт синдром), но може да се појави подоцна во животот, на која било возраст. Како што одминува времето, епизодите стануваат почести и траат подолго.
Понекогаш забрзувањето на срцето може да биде предизвикано од внес на поголеми количини алкохол и кофеин. Исто така, може да биде последица на стрес, прекуумерено пушење, но и заболување на тироидната жлезда, анемија …
Покрај чувството на „лупење“ на срцето, може да има и чувство на „прескокнување“ кога има дополнителни отчукувања на срцето – „ектопични“ удари.
Повеќето епизоди на СВТ се кратки и престануваат спонтано, но има неколку методи со помош на кои може да се обидете да ја скратете или ублажете. Овие методи кои се засноваат врз стимулација на еден нерв-вагус кој ја успорува работата на срцето:
1. Ставете ги зглобовите под многу ладна вода и држете ги додека стапката на срцето не запре.
2. Земете длабок здив, затворете го носот и устата, и обидете се да издишете .
Ако епизодите на СВТ се чести, продолжени и го нарушуваат вашиот секојдневен животен ритам, консултирајте се со кардиолог за понатамошно испитување и терапија.