Аритмии

Аритмии

Неправилна работа на срцето

Аритмијата е нарушување на срцевиот ритам – срцето може да работи премногу брзо, премногу бавно или да нема регуларен ритам. Нормално, срцето работи рамномерно со околу 60 до 100 удари во минута. Импулсот за работа на срцето се создадава во т.н. синусен јазол сместен во срцевиот атриум (предкомора). Неправилната работа на  срцето се нарекува аритмија и може да биде резултат на нарушување на ритамот или нарушување на фреквенцијата – бројот на отчукувања.
Аритмијата може да се почувствува како чувство на треперење во градите, болка во градите, недостаток на воздух, а може да се јави вртоглавица и несвестица.

Аритмиите можат да бидат резултат на разни болести на срцето (срцево- мускулни заболувања, оштетување на срцевото ткиво поради срцев удар, нарушувања во формирањето на ритамот и отчукувањата на срцето …). Но може и да се појават и кај здраво срце. Понекогаш нивната причина може да биде стрес, премногу кофеин, никотин или физички напор. Тие се јавуваат при нарушувања на рамнотежата на електролитите во крвта (натриум и калиум), анемија, дефект на тироидната жлезда, болести на дигестивниот систем (повраќање, дијареја, дијафрагмална хернија).

Аритмиите  можат да потекнуваат од предкомората (тогаш обично се безопасни, освен во случај на патолошка атријална фибрилација и флатер – обично се јавуваат кај луѓе со срцеви и белодробни заболувања) и од комората, кога можат да бидат знак на заболување (особено ако е коморска тахикардија). Тогаш е неопходно  преглед кај кардиолог за да се процени дали има потреба од терапија и која е најсоодветна. Фибрилацијата на коморите (коморите со ова нарушување не можат да се контрахираат нормално и срцето не може да пумпа соодветна количина на крв во организмот) е состојба која бара итна медицинска помош.

Во брадиаритмија, срцето е побавно и неправилно.

Нарушувањето на функцијата на синусниот јазол се карактеризира со бавно или забрзано чукање на срцето, кое може да биде придружено со кризи на свеста и да бара терапија. Во некои случаи, и вградување на пејсмејкер.

Посебен вид на нередовно чукање на срцето е блокада на срцето – тие се јавуваат кога електричните импулси на срцето се блокирани во нивниот пат од синусниот јазол до коморите. За блоковите од прв степен  не е потребна терапија, додека пак блоковите од втор и трет степен чесопати може да бидат придружени со губење насвеста,што исто така вклучува вграување на пејсмејкер.

Постојат и други видови на неправилни отчукувања на срцето, но многу ретко се појавуваат.Ако имате нарушување на срцевиот ритам, неопходно е да се консултирате со кардиолог за да се  процениат понатамошните чекори во дијагнозата и терапијата.

Практики за прием на пациенти

Без потреба од закажување

Нашите лабораториски услуги вклучуваат прием на пациенти без претходно закажување. Ова ви овозможува да добиете здравствена грижа без да имате потреба од претходно закажување. Не е потребно планирање—едноставно дојдете, и нашиот тим во Мартини лабораторијата ќе биде подготвен да ви помогне.

Лиценцирани професионалци

Имаме медицински тим се состои од лиценцирани лекари и медицински сестри и техничари посветени да ви обезбедат висококвалитетна нега. Можете да се потпрете на нивната стручност и посветеност за вашето здравје и благосостојба.

Целосна покриеност

Одделите во Поликлиника Мартини ќе ви овозможат со едно доаѓање да ги завршите сите предвидени медицински процедури.

Број за контакт 071 296 515

Или контактирајте со нас преку формуларот за е-пошта подолу

Ќе ве контактираме за еден работен ден.