Како и кај секоја состојба, подобро е да се спречи отколку да се лечи. Лечењето на поблаги форми или превентивен третман на стрес инконтиненција дава подобри резултати и спречува развој на тешки форми.
Кегеловите вежби и вежби за зајкнување на долен дел од телото се обавезни после породување. Обавезна е контрола на телесната тежина и умерена физичка активност. Пешачење е најдобра превенција!!
Понекогаш се советува и ласерски третман после породување.
Несакано испуштање на урина претставува голем проблем за секоја жена и затоа е важно да се разговара со гинеколог за да се најде правилен третман.