Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Поликлиника Мартини со препораки за доењето и важноста на мајчиното млеко

 

  • Мајчиното млеко е најсоодветна храна заедно новородено и доенче, бидејќи ги задоволува неговите високи енергетски и нутритивни потреби и е најдобро прилагодено на неговиот дигестивен тракт и бубрезите.
  • Доењето не е самохранење туку комплексна интерперсонална комуникација во која мајката и доенчето учествуваат соматски, сензитивно, емотивно и интелектуално. Тоа е првата социјализација на детето.
  • Компаративните студии и медицината базирана на докази, покажуваат дека МАЈЧИНОТО МЛЕКО ИМА АПСОЛУТНА ПРЕДНОСТ вооднос на адаптираните млечни формули.
  • Децата кои се доени имаат помал морбитет и морталитет вооднос на оние кои не се доени.
  • ЕКСКЛУЗИВНО доење се препорачува во првите ШЕСТ МЕСЕЦИ од животот!
  • ПРЕДНОСТИ НА МАЈЧИНОТО МЛЕКО:
    • соодветна температура;
    • бактериолошка исправност;
    • идеален квантитативен и квалитативен сооднос на: јагленихидрати, масти, протеини, минерали и витамини;
    • висока био искористливост на протеините;
    • одлична дигестибилност;
    • исклучена можност од интолеранција;
    • колонизација соLactobacilusbifidus-флора
    • помала можност за инфекции кај доенчето
    • подобрена когнитивна функција;
    • стимулација на мајчинството;
  • Како доењето влијае врз здравјето на мајката?
    • намалено постпартално крварење;
    • олеснета загуба на тежината после породувањето;
    • подобрена реминерализација;
    • помалку карциноми на овариуми и  дојка;
    • економски предности;

 

  • ПОЛИКЛИНИКА МАРТИНИ ГО ПРОМОВИРА И ПОДДРЖУВА ДОЕЊЕТО, а мајките добиваат:
  • пренатална и постнатална едукација за доење;
  • совети за техника на доење;
  • совети за антирефлукс мерки.

 

 

 

Спец. Д-р Марина Николовска, педијатар