Вонтелесно оплодување (ИВФ) претставува најсложен тип на лечење на стерилитет кај брачен пар. Процесот се состои од неколку фази.
После адекватна припрема се прави стимулација на овулација и пратење на раст и развој на фоликули. Кога ќе се постигне соодветна големина на фоликулите, се дава ‘’стоп инекција’’ после која по 36 часа се прави аспирација на фоликули во краткотрајна интравенска анестезија.
Во аспирираната течност се наоѓаат јајце клетките кои се обработуваат во лабораториски услови и се спојуваат со сперматозидите – со помош на микроманипулатор или спонтано. Со спојувањето се создава ембрион кој се чува и развива во инкубатор. После 2-5 дена од развојот, кој се прати секојдневно ембрионот се враќа во матката и се чекаат резултати после 14 дена.