Тироидната жлезда се наоѓа во основата на вратот, пред душникот. Произведува два хормони – тироксин (Т4) и тријодотиронин (Т3). Овие хормони го контролираат метаболизмот на организмот – начинот на кој функционира телото. Кога тироидната жлезда работи правилно, метаболизмот работи добро. Секрецијата на хормоните на тироидната жлезда ја контролира хипофизата, која се наоѓа во мозокот, преку хормонот што се излачува во неа – стимулирачки хормон на тироидната жлезда (TSH).
Нарушување на функцијата на тироидната жлезда се дијагностицира со одредени анамнестички податоци, тестови и прегледи. Самиот преглед се врши за време на голтање – лекарот ја прегледува тироидната жлезда додека голтате,со палпација во пределот на вратот со што се испитува нејзината големина и структура.
Се проверува и изгледот и состојбата на кожата, очите и телесната тежина, а честопати се врши ултразвучен преглед на тироидната жлезда, за време на кој, ако се забележани јазли, може да се направи нивна пункција.
Нарушување на тироидната жлезда може да оди во насока на неговата намалена функција(хипотироидизам), зголемена функција или постоење на автоимуна болест, Хашимото тироидитис.