За стерилитет разговараме кога еден пар после една година ја нема остварено желбата за потомство.
Причините за стерилитет може да бидат од страна на машкиот партнер или од женскиот или комбинирано. Кај машките проблемот се разгледува преку бројот, морфологијата и подвижноста на сперматозоидите. Жените прават испитувања за проодност на јајцеводите, присуство на овулација или не, аномалии на матката, ендометриоза….
Почетните испитувања за стерилитет кај двата парнери опфаќаат правење спермограм кај мажите а кај жените се прави гинеколошки ултразвук, хормонски статус, лабараториски испитувања и ХСГ (хистеросалпингографија).