Либидо? – се дефинира како потреба за задоволување на сексуалниот нагон. Оваа потреба е индивидуална и зависи од полот, воспитувањето, расположението, односот помеѓу партнерите. Потребата не е постојана, и кај иста личност се менува во зависност од расположението и емотивната состојба.
Желба за интимен однос може свесно да се потисне меѓутоа желба за интимен однос не може да се створи ако ја нема.
Еден од првите симптоми на смалено либидо е чуство на напнатост, најчесто недефинирана. Личноста се повлекува во себе и почнува да има несоници и несогласувања со околината. Најбитно е прво да се признае проблемот пред себе а потоа да се разговара со партнерот и да се најде решение.
Либидото може да зависи од хормонскиот статус. Од почеток на пубертет, либидото постепено се зголемува со порастот на нивото на хормони ( естрогени, прогестерон, тестостерон). Кај машките либидото е континуирано од пубертет додека кај жените после пубертет има благ пад и повторно расте на околу 30 години. После тоа либидото е константно до перименопауза но зависи и од условите на живот – кај некои жени во бременост се зголемува а кај други се намалува. Либидото е најинтензивно во средина на циклус – овулација.
Застапеноста на овој проблем е во директна врска со начинот на воспитување, состојбите во фамилијата, состојбите во социјалната околина, ставовите на околината, културолошките и морални норми како и од нивото на образование.
Честа причина за овој проблем се и одредени хронични болести (дијабет, проблеми со тиреоидна жлезда) како и користење на одредени лекарства (антидепресиви, антихистаминици, хемотерапија). Дебелината и незадоволството од сопствениот изглед, недоволно сон, алкохол и опојни дроги се додатен проблем кај смалено либидо.
Терапија? – проблемот е сложен и како таков се третира кај секој пациент индивидуално.
- 1. Зголемена физичка активност – зголемува ниво на ендорфини и расположение
- 2. Правилна исхрана – два минерала се посебно важни, железо и цинк како и Витамин Ц, Б2 и Е.
- 3. Третман на хронична болест – доколку постои
- 4. Хормонска терапија – доколку причината е намалено ниво на хормони (менопауза)
- 5. Ласерска вагинална терапија
- 6. Addyi – најновиот медикаментозен третман кој ветува
- 7. Разговор