Рана менопауза

Рана менопауза

Менопауза е неизбежен дел од општото стареење на репродуктивните органи кај секоја жена. Главна карактеристика е губење на редовен менструален циклус. Најголемиот број на жени влегуваат во менопауза на околу 50 години. Рана менопауза означува губење на менструација пред 40 години.

Причини за рана менопауза може да бидат: генетска предиспозиција, хроничен стрес, траума, неадекватна исхрана, пушење… Денешниот начин на живот (стрес, неадекватна исхрана, алкохол, пушење) е причина за се поголем број на жени кои рано влегуваат во менопауза.

Менопауза настанува поради намалена функција на јајниците односно намалена продукција на хормони – естрогени и прогестерон. Поради оваа намалена продукција на хормони настанува губење на менструалниот циклус, промени на урогениталниот систем и промени на останати органи.

Неколку години пред самата менопауза жените влегуваат во период на перименопауза кога има осцилации во нивото на хормони и појава на симптоми – топли бранови, потење, скратени менструални циклуси, промени на расположение, раздразливост, умор, малаксаност и несоница. Симптом на менопауза може да биде и сувост на вагина и несакано истекување на урина.

Дијагноза за менопауза се поставува со гинеколошки преглед и ултразвук во комбинација со лабораториски испитувања – хормонски статус.

Терапија за менопауза

1. Хормонска супституциона терапија – најчесто се дава комбинирана терапија со естрогени и прогестерон. Користење само на естрогенска терапија е можна само доколку пациентката нема матка. Хормонската терапија ги контролира и смалува симптомите на менопауза како и има заштитен ефект на коските, крвните садови и срцето. Најчеста замерка на овој тип на терапија е ризикот од карцином на дојка. Сепак, модерните истражувања укажуваат на минимално зголемен ризик за карцином на дојка со многу поголем заштитен ефект на другите органи.

Овој тип на терапија е особено погоден за жени во рана менопауза.

2. Фитоестрогени – супстанци кои се наоѓаат во растенија а се со слична структура како и естрогените. Кај жени во менопауза фитоестрогените се врзуваат за рецепторите и делуваат како естрогени. Имаат послб ефект и обично се даваат кај пациентки со минимални симптоми.

Практики за прием на пациенти

Без потреба од закажување

Нашите лабораториски услуги вклучуваат прием на пациенти без претходно закажување. Ова ви овозможува да добиете здравствена грижа без да имате потреба од претходно закажување. Не е потребно планирање—едноставно дојдете, и нашиот тим во Мартини лабораторијата ќе биде подготвен да ви помогне.

Лиценцирани професионалци

Имаме медицински тим се состои од лиценцирани лекари и медицински сестри и техничари посветени да ви обезбедат висококвалитетна нега. Можете да се потпрете на нивната стручност и посветеност за вашето здравје и благосостојба.

Целосна покриеност

Одделите во Поликлиника Мартини ќе ви овозможат со едно доаѓање да ги завршите сите предвидени медицински процедури.

Број за контакт 071 296 515

Или контактирајте со нас преку формуларот за е-пошта подолу

Ќе ве контактираме во најкраток можен рок.