Скоро секоја жена се има соочено со проблемот на несакано испуштање на урина при кашлање, кивање или при подигање на тежина. Кај некои проблемот се јавува само после породување а кај други се јавува континуирано со возраст. Карактеристично за овој проблем е што жените многу малку зборуваат за тоа и се срамат од овој проблем.
Причина за појава на стрес инконтиненција е поради пореметување во механизмите кои спречуваат неконтролирано мокрење. Кај овие механизми е потребно одржување на нормални односи на подржните структури во мала карлица. Бешика и уретра се во многу блиски односи со преден ѕид на вагина – кога вагината станува помалку еластична нормалните односи на подржните структури во мала карлица се променуваат, бешика се спушта со што го менува односот со уретра, која не може веќе при напор да задржи несакано истекување на урина.
Овој проблем се појавува на почеток повремено при поголем напор. Покасно се јавува се почесто и при мали напори – трчање, скокање, пешачење, кашлање, кивање. Кај екстремни случаеви може да се јави и при лежење. Жените со ваков прблем мора да носат секојдневни хигиенски влошки, имаат несигурност при излегување надвор и не можат да имаат физичка активност.
Освен стрес инконтиненција постојат и други типови на несакано испуштање на урина – ургентна инконтиненција и мешан тип.