Маститис претставува инфекција на ткивото на дојка. Најчесто се јавува во тек на доење кога млечните канали се запушуваат и настанува застој на млеко во каналите. Може да настане и без бременост и доење. Симптоми на маститис се покачена температура, болки, оток, локална топлина и црвенило. Лечењето започнува со масирање и измолзување на млекото, топли облози и антибиотици. Антибиотиците не се контраиндицирани за доење.