Кондиломи

Кондиломи

Отстранување на кондиломи со метод на радио-бранови е ефикасно, брзо и комфорно. За отстранување на кондиломи со радио-бранови доволна е една посета на лекар.

Кондиломи – се вирусни и заразни брадавици кои се појавуваат на гениталиите и по телото кај мажи и жени а се предизвикани од ХПВ вирус.

Најчесто кондиломите се јавуваат во предел на гениталии и околу препоните. Во почеток вирусната инфекција се манифестира како точкасто црвенило, покасно се појавуваат промени над ниво на кожа со различен изглед.

Причини за појава на кондиломи се ХПВ вирусите ( ги има повеќе од 120 типови)– најчести типови се 6, 11, 16, 18, 31, 33 и 35.

ХПВ вирусите се пренесуваат по сексуален пат и затоа кондиломите на гениталиите и по телото треба да се отстранат навремено бидејќи е можно нивно ширење.

Отстранување на кондиломите е единствен начин да се спречи нивното ширење и пренесување со полов контакт. Затоа се препорачува нивно отстранување штом се забележат.

Постојат неколку методи за отстранување на кондиломи:

Радио-бранови
Хируршка интервенција
Течен азот
Медикаментозно
Отстранувањето со радио-бранови е најефикасен метод со висок процент на излекување – 97%. Затоа во поликлиника Мартини се користи оваа метода за отстранување на кондиломи.

Отстранување на кондиломи со радио—бранови претставува:

Ефикасна, Комфорна, Брза, Безболна и метода која не остава лузни ка кожата.
Поликлиника Мартини го користи Proxima апаратот на радио-бранови бидејки:

Со една интервенција се отстрануваат сите кондиломи
Има ефикасност од 97% за излекување од кондиломи
Отстранувањето на кондиломи е брзо – интервенцијата трае неколку минути
Отстранувањето на кондиломи со радио-бранови е комфорно и безболно и се работи со локална анестезија.
Интервенцијата со радио-бранови е прецизна и минимално инвазивна – со оваа метода се избегнува оштетување на околното ткиво и создавање на лузни.
Поинтервенција со радио-бранови не е потребно опоравување – пациентите веднаш се враќаат на секојдневни активности.

Практики за прием на пациенти

Без потреба од закажување

Нашите лабораториски услуги вклучуваат прием на пациенти без претходно закажување. Ова ви овозможува да добиете здравствена грижа без да имате потреба од претходно закажување. Не е потребно планирање—едноставно дојдете, и нашиот тим во Мартини лабораторијата ќе биде подготвен да ви помогне.

Лиценцирани професионалци

Имаме медицински тим се состои од лиценцирани лекари и медицински сестри и техничари посветени да ви обезбедат висококвалитетна нега. Можете да се потпрете на нивната стручност и посветеност за вашето здравје и благосостојба.

Целосна покриеност

Одделите во Поликлиника Мартини ќе ви овозможат со едно доаѓање да ги завршите сите предвидени медицински процедури.

Број за контакт 071 296 515

Или контактирајте со нас преку формуларот за е-пошта подолу

Ќе ве контактираме во најкраток можен рок.