Кегелови вежби се вежби за мускулите на карлично дно кои помагаат во смалување на ризик од несакано истекување на урина (стрес инконтиненција), спад на матката …
Целта на овие вежби е да ги зајакнат мускулите на карлично дно кои се потпора на матката, бешика и црева.
Кегелови вежби може да се изведуваат во било кое време и на било кое место. Посебно се препорачуваат после породување и во перименопауза. Доколку постојат одредени проблеми потребно е да се изведуваат по индикација на лекар.
За почеток е потребно да научите како да ги познавате мускулите на карлично дно за да може да ги вежбате. Најлесен начин за тоа ако пробате да го прекинете млазот на мокрење – тоа се мускулите на карллично дно!!
Следен чекор е да научите како правилно да ги вежбате – изпразнете ја бешика, легнете на грб или седнете, стегнете ги мускулите на карлично дно и држете ги стегнати 5 секунди (за почеток) потоа релаксирајте ги. Постапката повторете ја неколку пати. Со тек на време пробајте да ги држите стегнати мускулите подолго време и почесто, неколку пати на ден.