Дијареа

Дијареа

Дијареата е појава на повеќе од три  кашести, полуформирани столици или водени столици во текот на денот и ноќта. Во повеќето случаи, тоа трае од еден до неколку дена и не бара терапија, ако трае подолго или е придружено со други симптоми – треска, повраќање, крв во столицата, треба да побарате медицински совет.

Постојат многу причини за дијареја, од многу зачинета, лута или масна храна, преку нетолеранција на одредени видови храна, како што се лактоза и глутен, прекумерно внесување храна со вештачки засладувач – Сорбитол, терапија со одредени лекови – антибиотици, магнезиум и некои лекови кои го контролираат метаболизмот на јаглени хидрати и маснотии. Дијареата честопати е предизвикана од вируси и бактерии и во повеќето случаи нема потреба од терапија, но некои инфекции – Салмонела, Ешерихија коли и Клостридиум се сериозни и бараат третман. Исто така, постојат и инфекции со паразити кои се  манифестираат со дијареја.

Други видови на болести поврзани со дијареја се хронично заболување на цревата – улцеративен колитис, Кронова болест, дивертикулоза и карцином на дебелото црево. Сите овие се сериозни болести кои бараат третман и затоа е секогаш важно да се обратите кај вашиот лекар ако дијарејата трае подолго. Посебен проблем е синдром на раздразливост на дебелото црево, кога движењата на дебелото црево се нередовни и забрзани и дијареа и запек може да се појават наизменично. Синдром на иритиабилно дебело црево се влошува во ситуации кога нивото на стрес е зголемено.

Во најголем број од случаите со дијареја е доволно да се оди на диета – избегнувајте  мрсна и зачинета храна, млеко, внесувајте сува храна, пијте течности, додека во други тешки ситуации со дијареја е неопходно да се добие инфузија со електролити кои се губат со столица. Во случај на сериозна болест, се прават дополнителни тестови – тестови на крвта и столицата, ендоскопија, колоноскопија и др.

Практики за прием на пациенти

Без потреба од закажување

Нашите лабораториски услуги вклучуваат прием на пациенти без претходно закажување. Ова ви овозможува да добиете здравствена грижа без да имате потреба од претходно закажување. Не е потребно планирање—едноставно дојдете, и нашиот тим во Мартини лабораторијата ќе биде подготвен да ви помогне.

Лиценцирани професионалци

Имаме медицински тим се состои од лиценцирани лекари и медицински сестри и техничари посветени да ви обезбедат висококвалитетна нега. Можете да се потпрете на нивната стручност и посветеност за вашето здравје и благосостојба.

Целосна покриеност

Одделите во Поликлиника Мартини ќе ви овозможат со едно доаѓање да ги завршите сите предвидени медицински процедури.

Број за контакт 071 296 515

Или контактирајте со нас преку формуларот за е-пошта подолу

Ќе ве контактираме за еден работен ден.