Детоксикација е природен процес на неутрализирање или елиминација на токсините од човечкото тело. Токсините (што може да го засили оштетувањето на ткивото на телото) хемиски се претвораат во помалку штетни материи кои потоа се излачуваат во столицата или урината.
Токсините можат да потекнуваат од нормални процеси што се одвиваат во нашето тело преку внес на храна, како што е амонијак произведен за време на распаѓање на протеини, или од вдишување или внесување на хемикалии како што се пестициди, средства за чистење, адитиви за храна, лекови, загадување, чад од цигари и тешки метали како што е олово.
Иако детоксикација терминот првенствено се употребува при третман на алкохолизам и зависност од дрога, терминот се однесува и на диета, и други методи за отстранување на токсините животната средина и диеталните токсини од организмот, со цел подобро здравје.
Плановите за детоксикација може да вклучуваат специјални диети, билки и додатоци, хидротерапија, вежби, техники на дишење и / или сауна терапии. Исто така, постојат некои поконтроверзни програми за детоксикација кои вклучуваат употреба на клизми со цел прочистување на организмот. Некои диета за детоксирање се насочени кон специфични органи како што се црниот дроб, бубрезите, лимфниот систем, белите дробови и сл.
Секој што размислува за спроведување на диета за детоксикација, првенствено треба да се консултира со квалификуван нутриционист или доктор за тоа, бидејќи процесот може да биде многу штетен кај луѓе со одредени здравствени проблеми.
Повеќето експерти препорачуваат детоксикациски диети еднаш или двапати годишно за подобрување на здравјето и спречување на болести, но не повеќе од три пати годишно.
Диета за детоксикација
Детоксикација претставува награда за организмот при што истиот ќе се освежи и и ќе има повеќе енергија.
Во принцип, диеталната диета е краткотрајна диета која:
го минимизира количеството на внес на хемикалии (на пример со употреба на органска храна),
- ја нагласува храна богата со витамини, хранливи материи и антиоксиданти, кои му се потребни на организмот за детоксикација,
- вклучува намирници , како што се влакна и вода, кои ги екстрахираат и елиминираат токсините со зголемување на фреквенцијата на празнење на цревата и мокрење.
Бројни истражувања укажуваат дека многу од токсините што секојдневно ги внесуваме во нашиот организам преку храна, вода и воздух може да се депонираат во масните клетки. Исхраната која е слаба со некои хранливи материи, исто така, може да ја наруши нашата природна способност да ги детоксифицираме штетните материи што подоцна доведува до нивно наталожување во организмот.
Токсините во нашето тело доведуваат до болести и хормонална нерамнотежа, слаби функции на имунолошкиот систем и неефикасен метаболизам. Знаци на ова вклучуваат лошо варење, лош здив, замор, блед тен и болки во мускулите.
Кој не треба да биде на диета за детоксикација?
Бремените жени, доилки и деца никогаш не треба да бидат на диета за детоксикација. Анемични луѓе, луѓе со нарушувања во исхраната, дијабетес, заболувања на бубрезите, болести на тироидната жлезда, автоимуни заболувања, карцином, терминални заболувања, одредени генетски заболувања и други хронични состојби не треба да започнат со детокс диета или тоа треба да го сторат со зголемен професионален надзор.
Седумдневен план за детоксикација:
Веднаш откако ќе станете испијте чаша топла вода во која претходно сте исцедиле половина лимон.
Пред спиење испијте чаша вода со една лажичка мелено ленено семе.
Прв ден: Можете да јадете било какво овошје освен банани. Се препорачуваат јаболка, круши, мандарини, портокали, грејпфрути и киви. Овошјето, свежо или конзервирано, ќе му обезбеди на телото сите потребни хранливи материи.
Втор ден: Можете да јадете секаков вид зеленчук, суров или варен, во количини што ги сакате. Зеленчукот ќе ви ги даде сите хранливи материи и влакна што ви се потребни.
Трет ден: Можете да јадете секаков вид овошје и зеленчук, освен банани и компири, во количини по желба.
Четврти ден: Денес можете да јадете до осум банани и да пиете три чаши млеко, а супа од зеленчук е дозволена. Бананите служат да ги надополнуваат калиумот и натриумот што сте го изгубиле.
Пети ден : Можете да јадете до 600 гр говедско месо и 6 парчиња домат. Зголемете го внесот на вода. Ќе добиете железо и протеини од говедско месо, и витамини и растителни влакна од доматите.
Шести ден: Говедско и зеленчук во неограничени количини.
Седми ден : Денес можете да јадете кафеав ориз, секаков вид зеленчук и да пиете незасладени овошни сокови.
Пијте најмалку 10 чаши вода во текот на денот. Пијте во текот на денот и две чаши билен чај (зелен чај, коприва, глуварче, нане) без шеќер.