Поликлиника Мартини

Како професионалци, секогаш се стремиме кон обезбедување на најдобрите услови за нашите пациенти. Нивното задоволство е мерило за нашата успешност!

— Д-р Никола Маџунков

Тесла Формер е најнов апарат за неинвазивен третман на неконтролирано испуштање урина, постпородилна рехабилитација и сексуална дифункција.

Нова услуга во Поликлиника Мартини, најнов тренд во третман на уро-гинеколошките заболувања.

Достапни услуги

    • третман на инконтиненција / неконтролирано испуштање урина
    • спад на падната матка / пролапс на матка
    • постпородилна рехабилитација

Третманот со Тесла Формер за уринарна инконтиненција е неинвазивна терапија која користи електрични импулси за стимулација на мускулите на долниот дел од телото, особено на мускулите на карлицата. Оваа техника е дизајнирана да помогне во зајакнување на мускулите што контролираат мокрењето и да ја подобри контролата над мочниот меур.

Протоколот за третман со Тесла Формер по породување е специфичен за жените кои можат да се сретнат со различни физички промени и проблеми, особено оние поврзани со инконтиненција, слабост на мускулите на карлицата и општа рехабилитација. Тесла формерот може да биде од голема помош во враќањето на функционалноста на карличната област.

Уредот Tesla е развиен за третман на карличното дно и третирање на уринарната инконтиненција, користејќи специјална FMS технологија – Функционална Магнетна Стимулација.

Со двата апликатори на столот, ефикасно се третираат проблемите со инконтиненција и мускулите на карличното дно – еден апликатор е вграден во седиштето, а другиот во потпирачот за грб.

Успешно помага при:

    • Стрес инконтиненција
    • Ургентна инконтиненција
    • Мешана уринарна инконтиненција
    • Фекална инконтиненција
    • Постпородилна рехабилитација
    • Рехабилитација на мускулите на карличното дно по операција
    • Инконтиненција по радикална простатектомија
    • Хроничен простатит
    • Еректилна дисфункција
    • Проблеми предизвикани од слаба циркулација

Терапевтски процес:

    • Терапијата е едноставна и не бара посебна подготовка.
    • За време на третманот, пациентот останува облечен и удобно седи на специјалниот стол за инконтиненција.
    • Стимулацијата помага во зголемување на свесноста за контракциите на мускулите, што го олеснува нивното зајакнување.
    • Терапијата е неинвазивна, безболна и без познати несакани ефекти.
    • Подобрување може да се забележи уште по неколку сесии.
    • Планот за терапија се одредува индивидуално за секој пациент од специјализиран лекар, по првична консултација и преглед.

postpartalno zakrepnuvanje

Постпартално закрепнување

seksualna disfunkcija

Сексуална дисфункција

urinarna neugodnost

Уринарна инконтиненција

erekciska disfunkcija

Еректилна дисфункција