Поликлиника Мартини

Како професионалци, секогаш се стремиме кон обезбедување на најдобрите услови за нашите пациенти. Нивното задоволство е мерило за нашата успешност!

— Д-р Никола Маџунков

Постојат два хируршки начини за третман на оваријални цисти. Лапароскопијата е минимално инвазивна процедура, додека лапаротомијата е преку рез на кожа од неколку сантиметри (класичен третман).
Која од оваа процедура ќе се избере, зависи од големината на цистата и од тоа дали се работи за малигна или бенигна циста.
Накратко, скоро сите бенигни цисти може да се извадат лапароскопски, додека за малигни цисти е потребна лапаротомија.

Што е оваријална циста и кога треба да се отстрани хируршки?

Сите оваријални цисти не е потребно да се оперираат, помали цисти или функционални цисти најчесто сами се повлекуваат и се губат.
Цисти кои се со поголеми димензии и кои содржат солиден или делумно солиден дел, се препорачува да се отстранат.

Други причини за да се даде препорака за отстранување на оваријална циста се:

    •  Доколку постои ризик за карцином
    •  Цистата расте во менопауза
    •  Циста поголема од 5 см
    •  Ризик од крварење после прскање на цистата
    • Торзија на јајник ( увртување на јајник) и болка
    • Цисти кои предизвикуваат болка и нелагодност

Доколку поставиме индикација за оперативен третман пациентката се припрема за операција. Доколку не станува збор за карцином, скоро секогаш пациентката се припрема за лапароскопија – лапароскопски третман на оваријалната циста.

Се даваат препораки кои анализи да ги направи пациентката пред операција и што треба да прави и јаде на денот пред лапароскопија. Прегледот и разговор со анестезиолог најчесто се прави на денот на операција.

Лапароскопијата е минимално инвазивна процедура која се изведува преку неколку мали засеци на кожа ( 0,5 – 1см), преку кои со лапароскопски инструменти се вади цистата.
Лапароскопскиот третман на оваријални цисти е прецизен и скоро секогаш се вади само цистата и се зачувува јајникот и неговата функција. Ова е многу битно, посебно кај третман на млади пациентки кои сеуште немаат родено.

Закрепнувањето на пациентки кои се оперирани со лапароскопија е брзо и за неколку дена се враќаат на нормални активности. Најчесто пациентката после лапароскопски третман од болница си оди веќе наредниот ден.

Бенефитите за пациентките од лапароскопски третман на оваријални цисти се неколку:

  • Симптомите и нелагодностите од цистата се повлекуваат
  • Лапароскопскиот третман е брз и безбеден за пациентката
  • Закрепнувањето е побрзо и со минимално крварење
  • Поставување на дијагноза кај сомнителни цисти е побрзо
  • Во најголем број на случаеви се спасува јајникот и третманот не влијае врз идните планови за бременост и во бременост

Лапароскопскиот третман на оваријални цисти е брз и безбеден третман за пациентките. Закрепнувањето е секогаш побрзо и ризиците од компликации се помали, посебно од инфекции на оперативна рана.