Логопедија е научна и стручна дисциплина која се занимава со проучување, дијагностика, превенција и третман на нарушувања во говорот, јазикот, гласот, комуникацијата и орално-моторните функции. Ова поле е насочено кон помагање на лица од сите возрасти кои имаат тешкотии во овие области.
Логопедите, како стручни лица во ова поле, работат со индивидуи за да ги подобрат нивните комуникациски способности, што значително го зголемува квалитетот на нивниот живот. Тие користат различни методи и техники, прилагодени на потребите на секој поединец.
Сѐ повеќе деца подоцна прозборуваат или имаат проблеми со говорот. Најважно во оваа ситуација е раното откривање и барањето соодветна помош.
Дислалијата (фонолошко-артикулациско нарушување) е артикулаторно нарушување на гласовите кај деца кои немаат проблеми со слухот, имаат нормална инервација на говорните органи и уредни интелектуални способности. Во тој случај, родителите треба да побараат помош и консултација со логопед.