Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Комбинираниот тест се состои од ултразвучен скрининг преглед и биохемиски скрининг.
Биохемискиот скрининг се состои од утврдување дали постојат одредени протеини во крвта на мајката кои се зголемени или намалени во однос на нормалата. Биохемискиот скрининг се прави помеѓу 11 – 14 г.н, заедно со ултразвучниот скрининг.
Постојат однапред одредени нормални вредности на протеините и хормоните кои се испитуваат во биохемискиот скрининг. Тие вредности се разликуваат по гестациска недела. Вредностите на хормоните и протеините кај мајки со претходно родени здрави бебиња се земаат како медијана и се дава вредност 1. Секое отстапување на вредностите во секоја гестациска недела посебно се пресметува како МоМ ( multiple od median ). Колку овие вредности се поблиску до медијана 1, шансите за бебето да е здраво се поголеми.

Кај деца со Down Sy слободниот beta HCG хормон најчесто е зголемен ( MoM 1,8 и поголем ) а PAPP-A е најчесто низок ( MoM 0,4 и помал ). Ризикот за Down Sy се зголемува ако и двата хормони имаат одстапување од медијаната. За други хромозомопатии одстапувањата од медијаната се различни – трисомија 18 ( Edvards Sy ) и трисомија 13 ( Patau Sy ), и двете вредности на beta HCG и PAPA-A се многу ниски.
После добивање на резултатите од комбинираниот скрининг ( ПРИСКА 1 ) – ултразвучниот преглед и биохемискиот скрининг, кој има процент на детекција околу 85 – 90%, се носи одлука дали се потребни други тестови како НИПТ тест, кој има процент на детекција на хромозомопатии од 99% или не се потребни други тестови.