Што е превентивен преглед – check-up?
MartiniCheck–up се прегледи на пациенти кои немаат никакви здравствени проблеми во моментот на преглед. Овие check-up прегледи имаат за цел откривање на болести во рана фаза и давање совети за здрав начин на живот и здрава исхрана.
Зошто се битни превентивните check-up прегледи?
Доколку немаме здравствени проблеми обично не посетуваме лекар и не правиме никакви тестови. Меѓутоа, постојат многу ризици по здравјето кои се поврзани со возраста, исхраната, начинот на живот, работата и гените. Превентивните прегледи имаат битна улога во откривањето на потенцијалните ризици по здравјето.