Поликлиника Мартини

Како професионалци, секогаш се стремиме кон обезбедување на најдобрите услови за нашите пациенти. Нивното задоволство е мерило за нашата успешност!

— Д-р Никола Маџунков

Миомектомија претставува хируршка процедура за отстранување на миом од утерус при што се зачувува утерусот ( матката). Миоми се бенигни тумори на утерус кои се делат според положбата во утерусот – интрамурални, субсерозни и субмукозни.

Миомектомијата е алтернатива на хистеректомијата ( отстранување на матка) при што се зачувува утерусот за идна бременост и неговата функција во целост.

Миомите се отстрануваат хируршки доколку станат симптоматски или пораснат над 5 см. Симптоми кои ги предизвикуваат миомите и се причина за миомектомија се:

    • Обилни и продолжени менструации
    • Крварење помеѓу менструации
    • Анемија
    • Болка и притисок во карлица
    • Болка и нелагодност при сексуални односи

Миомектомијата може да се изведе на два начини – абдминално ( со медијален рез или со бикини рез) и лапарскопски ( минимално инвазивно).

Лапароскопска миомектомија – претставува минимално инвазивна процедура за отстранување на миом преку неколку мали засеци на кожа. Потоа со специјална камера и монитор се гледа внатрешноста на абдоменот и се лоцира миомот на матката. Миомектомијата се прави со специјални инструменти и со сечење на матката по што матката се шие со специјални конци и целиот миом се вади надвор со специјален инструмент, т.н морселатор.

Кои се бенефитите и ризиците од лапароскопска миомектомија?
Секоја миомектомија би требало да се направи лапароскопски во интерес на пациентките, Денес дури и поголеми миоми е можно да се извадат лапароскопски.

Процедурата во операциона сала е подолга но има поголема безбедност и побрзо закрепнување за пациентките потоа.
Во тек на лапароскопска миомектомија има помалку крварење, има помалку траума на преден абдоминален ѕид и со тоа помалку атхезии и компликации во иднина. Постоперативната болка е многу помала со лапароскопијата.

Постоперативно пациентките многу побрзо се враќаат на секојдневни активности и се мобилни наредниот дел после операција.