Коските стално се менуваат – ново ткиво се создава а старото го снемува. На млада возраст оваа создавање е побрзо и максималната маса на коските е на возраст од 30 години. После оваа возраст моделирањето на коските продолжува но се губи повеќе коскена маса отколку што се создава. Остеопороза е состојба во која коските се слаби и крути.
Дали во менопауза ќе имате остеопороза зависи од тоа колкава коскена маса е створена до 30 годишна возраст и со која брзина се губи после тоа.
Сосотојбата на коските зависи од:
– Количината и потеклото на калциумот во исхраната
– Физичка активност
– Пушење цигари и алкохол
– Возраст
– Фамилијарна анамнеза
– Ниво на хормони
– Пореметување во исхраната
– Одредена терапија
Како да се намали ризикот од остеопороза?
- Внесувајте доволно калциум во исхраната – препорачана дневна доза на калциум е од 1000 – 1200 мг, во зависност од возраста. Добри извори на калциум се: бадеми, броколи, риба, производи од соја. Доколку не внесувате доволни количини со исхраната разговарајте со вашиот лекар за додатоци во исхрана.
- Внесувајте доволно Витамин Д – овој витамин е неопходен за апсорпција на калциум.
- Вежбајте!!! – секојдневно.
- Престанете да пушите и намалете внес на алкохол.
- Контролирајте го нивото на тиреоидни хормони.