Цисти на дојка претставуваат мали, ограничени простори исполнети со течност. Може да имаат различна големина и конзистенција. Понекогаш може да бидат болни и да се зголемат пред циклус. Најчесто се појавуваат на возраст од 25 – 55 години и се повлекуваат во менопауза. Доколку димензијата на цистата е поголема од 2 см се прави пункција на содржината за цитолошка анализа. Доколку цистите се повторуваат се препорачуваат контрацептивни таблети.
Доколку приметите промена при самопреглед обратете се кај вашиот лекар и направете ултразвук, после кој ќе донесете одлука за понатамошен третман.