Самопреглед на дојки

Самопреглед на дојки

ВАЖНО!!

Самопрегледот без соодветни годишни лекарски контроли не е соодветен начин за дијагноза на карцином на дојка. Ова е докажано во голема студија и е потенцирано дека самопрегледот без лекарска контрола не ја намалува смртноста од оваа болест туку само води кон непотребна паника.

Самопрегледот се прави еднаш месечно, после менструација. Жени без менструација треба да изберат датум во месецот и тоа да го прават секој месец.

Самопрегледот се состои од:

Инспекција – пред огледало внимателно се гледа дали има некакви промени. Се внимава на изглед на кожа и брадавици, поместување на дојките при подигање на рацете. Кога се прегледува десна дојка, десната рака е поставена над глава а со левата рака во различни правци се прегледува дојката. Се внимава на промени на кожа или места кои се затегнати. Истото се повторува и на другата дојка.

Палпација – истатата положба како за инспекција се применува и за палпација, со мекиот дел од прстите се напипува дали има некакви промени – чвор. Прегледот може да се прави во седечка положба, може и на кревет а најдобро се изведува при туширање. Замислете дека дојката се дели на четири квадранти и секој дел внимателно напипајте го.

Лимфни јазли – за да ја проверите состојбата на лимфните јазли потребно е да ги напипате пазувите и вдлабнувањето над клучната коска. Се бараат чворови во овие делови кои покасно треба да ги покажете на вашиот лекар.

Техниката на самопреглед детално ќе ви ја објасни вашиот лекар.

Практики за прием на пациенти

Без потреба од закажување

Нашите лабораториски услуги вклучуваат прием на пациенти без претходно закажување. Ова ви овозможува да добиете здравствена грижа без да имате потреба од претходно закажување. Не е потребно планирање—едноставно дојдете, и нашиот тим во Мартини лабораторијата ќе биде подготвен да ви помогне.

Лиценцирани професионалци

Имаме медицински тим се состои од лиценцирани лекари и медицински сестри и техничари посветени да ви обезбедат висококвалитетна нега. Можете да се потпрете на нивната стручност и посветеност за вашето здравје и благосостојба.

Целосна покриеност

Одделите во Поликлиника Мартини ќе ви овозможат со едно доаѓање да ги завршите сите предвидени медицински процедури.

Број за контакт 071 296 515

Или контактирајте со нас преку формуларот за е-пошта подолу

Ќе ве контактираме во најкраток можен рок.