Третманот на несакано испуштање на урина обично започнува со вежби за зајакнување на мускулите на карлично дно – Кегелови вежби. Овие вежби служат за враќање на тонусот на мускулите на вагина, спречуваат несакано испуштање на урина и го подобруваат задоволството при интимни односи. Вежбите може да се прават во тек на целиот ден и се прв чекор кон враќање на подржните структури во мала карлица на нормално ниво.
Кај жени со стрес инконтиненција сврзното ткиво има помалку колагени влакна и е со изменета структура. Поради ова нема адекватна подршка на карличните мускули и бешика. Сите методи на лечење на стрес инконтиненција имаат задача да створат подршка на вратот на бешика и да ги вратат нормалните односи во мала карлица.
Третманот може да биде нехируршки и хируршки.
Секогаш се започнува со неинвазивни методи на лечење (нехируршки) и доколку нема резултат се оди на хируршки третман.Заедно со Кегелови вежби обично се советуваат промени во начин на живот, промени во исхрана, намалување на тежина…… Доколку ова нема резултат се поставува вагинален прстен и се дава соодветна терапија.
Хируршкиот третман може да биде помалку или повеќе инвазивен. Денес најсовремен пристап и стандард во лечење на овој проблем е TVT-трака. Интервенцијата иако е минимално инвазивна се изведува во операциона сала и враќањето во секојдневни активности трае извесно време.
Најсовремен метод на лечење стрес инконтиненција од почетен и среден степен денес е ласерска интервенција. Овој третман се препорачува и кај генитален спад (пролапс).