Поликлиника Мартини

Како професионалци, секогаш се стремиме кон обезбедување на најдобрите услови за нашите пациенти. Нивното задоволство е мерило за нашата успешност!

— Д-р Никола Маџунков

Остеодензитометријата претставува метода со која ја мериме минералната коскена густина односно квантитетот на коските.

Снимањето трае кратко, неинвазивно е и безболно.

Стандардно се снима левиот колк и пределот на лумбалниот рбет (од првиот до четвртиот лумбален пршлен).

Посебна припрема за остеодензитометрија не е потребна.

Се препорачува да носите облека која во пределот што се снима (лумбален рбет и колк) нема метални делови.

Во текот на снимањето пациентот лежи на грб, прво со нозете свиткани во колена под прав агол, со правилно позиционирање од страна на технологот. Понатаму исто со лежење на грб со лесна ротација во зглобот на колкот кон внатре, со фиксација на двете стапала, се снима колкот.

Најчести индикации за остеодензитометрија:

    • сите жени постари од 65 години и мажи постари од 70 годни, независно од факторите на ризик од скршеници;
    • жени во постменопауза и мажи  на возраст од 50-69 години со присутни фактори на ризик, без скршеници;
    • пациенти кои добиле скршеници (при пад од сопствена висина);
    • спортисти.

Контраиндикации за остеодензитометрија:

    • бременост;
    • пациенти кои неодамна имале снимање со користење на контрастни супстанции или примале радиоактивна терапија, потребно е ова снимање да се одложи додека наведените супстанции се елиминираат од организмот;

Исто така не треба да се земаат калциум суплементи на денот на снимањето, бидејки нересорбираните таблети во регијата која се снима може да влијаат на вредноста на коскената маса.