Аменореја претставува каснење на менструација. Најчеста причина за аменореја е бременост, доење, менопауза, контрацептиви, користење на одредени лекарства (антипсихотици, антидепресиви, хемотерапија, лекови за алергија….) и ендокринолошки проблеми.
Главен симптом е немање на менструација а во зависност од причината можни се и други симптоми. Дијагноза се поставува преку детална анамнеза, гинеколошки преглед, гинеколошки ултразвуки и одредени лабораториски тестови. По потреба се прават и одредени радиолошки испитувања ( компјутерска томографија, магнетна резонанца….)
Терапијата зависи од причината за аменореја.