Поликлиника Мартини

Како професионалци, секогаш се стремиме кон обезбедување на најдобрите услови за нашите пациенти. Нивното задоволство е мерило за нашата успешност!

— Д-р Никола Маџунков
  • Во итен случај јавете се на
    071 296 515

    Ве молиме запомнете дека се грижиме за вашата приватност.

  • Контактирајте нѐ

Ерозија на грло на матка (популарно познато како рана на грло на матка, med. Ectropia cervix)

Ерозија на грло на матка е честа состојба и не е поврзана со карцином на грло на матка.

Цервикалната ерозија настанува кога клетките од цервикалниот канал преминуваат на надворешната страна на грлото на матката. Овие клетки се жлездени и црвени и целото грло на матката изгледа црвено.

Најчесто ерозијата на грлото на матката е вродено, но може да биде предизвикано од хормонски промени. Тоа значи дека ерозија на грло на матка е почеста кај:

Помлади пациентки
Трудници
Пациенти кои користат контрацептивна терапија
Симптоми на ерозија на грло на матка се:

Неправилно крварење во средина на циклус
Неправилно крварење после односи
Неправилно крварење после гинеколошки преглед
Зголемен вагинален секрет со чести вагинални инфекции
Дијагноза за ерозија (рана ) на грло на матка се поставува во тек на гинеколошки преглед и со помош на колпоскоп.

Третман на ерозија односно ранана грло на матка

Постојат повеќе начини за третман на ерозија на грло на матка, како криотерапија, ласер коагулација, хемиски третман и третман со радио-браноови.

Третманот со радио-бранови е најефективен и најбезбеден третман за ерозија на грло на матка кој не предизвикува никакви лузни и последици. Ова е уникатна и безконтактна метода која предизвикува евапорација на клетките под дејство на високо фрекфентни радио бранови.

Мартини поликлиника ја користи ова современа метода со радио бранови бидејќи е ефикасна, безбедна, безболна и без ризик за оштетување на грло на матката и без ризик за идна бременост.

После третман со радио-бранови ткивото заздравува брзо и ефикасно без лузни и деформитети.

Третман на ерозија на грло на матка се изведува после менструација. Интервенцијата е без хоспитализација и трае околу 15 мин. Се изведува на гиеколошки стол во амбуланта со локална анестезија.

Практики за прием на пациенти

Без потреба од закажување

Нашите лабораториски услуги вклучуваат прием на пациенти без претходно закажување. Ова ви овозможува да добиете здравствена грижа без да имате потреба од претходно закажување. Не е потребно планирање—едноставно дојдете, и нашиот тим во Мартини лабораторијата ќе биде подготвен да ви помогне.

Лиценцирани професионалци

Имаме медицински тим се состои од лиценцирани лекари и медицински сестри и техничари посветени да ви обезбедат висококвалитетна нега. Можете да се потпрете на нивната стручност и посветеност за вашето здравје и благосостојба.

Целосна покриеност

Одделите во Поликлиника Мартини ќе ви овозможат со едно доаѓање да ги завршите сите предвидени медицински процедури.

Број за контакт 071 296 515

Или контактирајте со нас преку формуларот за е-пошта подолу

Ќе ве контактираме во најкраток можен рок.