Биопсија на грлото на матката се прави кога постои индикација да се потврди состојбата на грлото на матката со хистопатолошка анализа. Интервенцијата се прави со аналгоседација, локална анестезија или краткотрајна интравенска анестезија.
После поставување на спекулум и визуелизација на грлото на матката, грлото се прифаќа со инструмент и од неколку места, со инструмент се земаат парчиња од грлото на матката за хистопатолошка анализа. Најчесто со биопсијата се зема и материја од каналот на грлото на матката.