Гинеколошкиот ултразвук може да се прави сам или заедно со гинеколошки преглед. Со овој преглед најдобро се анализираат јајниците и матката и дали постојат некои промени на нив – задебелен ендометриум, цисти, полипи…… или бременост.
Прегледот се прави така што на вагиналната сонда се става стерилен презерватив и сондата полека се става во вагина. Се прегледува матката, нејзината положба и големина. Потоа со манипулација кон лево и десно се прегледуваат јајниците.
Гинеколошкиот ултразвучен преглед со вагинална сонда е безболен и битно е да имате празна бешика а при прегледот да не сте стегнати.