На 15.05.2026, во емисијата „Добриот доктор“, гостин беше Д-р Никола Маџунков, специјалист по гинекологија и акушерство.
Во разговорот, Д-р Маџунков зборува за стрес инконтиненција кај жените – состојба која често се премолчува, но може значително да влијае врз секојдневниот живот и квалитетот на живот.
Тој објаснува кога се јавува овој проблем, кои се најчестите симптоми, зошто е важна навремената консултација со гинеколог и какви современи решенија постојат.
Посебен акцент во гостувањето е ставен на минимално инвазивните оперативни методи, кои овозможуваат современ пристап во третманите, со побрзо закрепнување и поголем комфор за пациентките.
Погледнете го целото гостување и дознајте повеќе од Д-р Никола Маџунков.