Мартини

Информации и закажување 034 / 369 - 500

Родилни сали

15

Поддршка и грижа во секоја фаза од породувањето

Мартини Болница располага со современо опремени родилни сали и родилни боксови, организирани за безбедно, контролирано и удобно водење на породувањето. Нашиот медицински тим обезбедува стручна грижа, постојано следење и поддршка во текот на сите фази од породувањето, со индивидуален пристап кон секоја родилка.

Просторот е прилагоден да овозможи сигурност, приватност и соодветни услови за мајката и новороденчето. По барање на родилката, за време на породувањето може да присуствува и партнерот, како дополнителна поддршка во еден од најважните моменти.

Пакет за спонтано породување

Пакетот за спонтано породување во Мартини Болница е креиран со цел родилката да добие целосна медицинска грижа пред, за време и по породувањето, без дополнителни скриени трошоци.

 

Во пакетот се вклучени:

• Бесплатни прегледи и ултразвучни контроли по 38-ма гестациска недела
• Кардиотокографија
• Предпородилна подготовка
• Обезболување во тек на породување
• Породување со избран лекар
• Преглед на новороденчето од неонатолози по раѓање и за време на престојот
• Вакцинација на новороденчето
• Крвни анализи потребни за мајката и бебето
• Престој од три болнички денови
• Соба опремена со купатило, ТВ и интернет
• Бесплатна контрола на родилката 4 недели по испис

 

Целта е секоја родилка да се чувствува сигурно, информирано и згрижено во текот на целиот процес — од последните недели од бременоста, до првите денови со новороденчето.

 

Нема скриени трошоци. Мартини Болница соработува со осигурителни компании кои имаат приватно здравствено осигурување.

За повеќе информации околу пакетот за спонтано породување, условите во родилните сали и достапните термини, контактирајте го нашиот тим.

Телефон: 034 / 369 – 500