Мартини

Информации и закажување 034 / 369 - 500

Амбуланти

15

Прегледи, следење и поддршка на едно место

Амбулантите во Мартини се организирани да обезбедат сеопфатна, стручна и навремена здравствена грижа за жените во различни фази од животот, од редовни гинеколошки прегледи и превентивни контроли, до следење на бременост и специфични состојби што бараат внимателна проценка и индивидуален пристап. Во рамки на амбулантскиот дел се нудат услуги од областа на гинекологијата и акушерството, со фокус на точна дијагностика, континуирано следење и современ медицински пристап.

Посебно внимание се посветува на амбулантската гинекологија и акушерство, следење на бремености, скрининзи на фетална морфологија, следење на високо ризична бременост, како и современи третмани насочени кон подобрување на интимното и репродуктивното здравје на пациентките. 

Пристапот е заснован на стручност, доверба, дискретност и грижа прилагодена на индивидуалните потреби на секоја пациентка.