Дневна Болница
Дневната болница во Поликлиника Мартини овозможува изведување на медицински процедури и третмани без потреба од хоспитализација, во контролирани и организирани услови. Пациентите добиваат стручна медицинска грижа, следење и поддршка во текот на целиот престој, со можност за враќање дома истиот ден.
Овој пристап овозможува побрза организација, поголема удобност и ефикасно спроведување на третманите, со континуирана грижа и надзор од медицинскиот тим.