Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2401 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Синдром на полицистични јајници (ПЦОС) е најчесто ендокрино пореметување кај жени во репродуктивна возраст. Се карактеризира со проблеми во менструалниот циклус ( ретки менструации или потполно отсуство на менструација ) кои настануваат поради ретки или отсутни овулации. Останати карактеристики на овој синдром се и зголемена влакнатост, проблеми со мрсна кожа, проблеми со коса и зголемена телесна тежина. Овие пациентки поради проблем со овулацијата често имаат и проблеми со плодност.

Третманот кај жени со ПЦОС зависи од актуелните желби и потреби на пациентката – дали главен проблем поради кој се јавуваат на лекар е нередовна менструација, козметички проблеми или поради неможност да се постигне бременост.