Женската фертилност (можност за бременост) зависи од нејзиниот менструален циклус. Промените во тек на циклусот се предизвикани од хормони. Секој месец овие хормони делуваат на внатрешниот слој на матката кој се задебелува за да створи услови за вгнездување доколку дојде до оплодување на јаце клетка. Јајце клетка се ослободува со овулација.
Просечен менструален циклус трае околу 28 дена и се смета од првиот ден на циклусот (кога започнува крварењето). Нормално траење на циклус е од 23 до 35 дена. Понекогаш се можни варијации на менструалниот циклус кај иста жена и затоа е добро да се води календар.
Битни хормони кои го регулираат менструалниот циклус се: естроген и прогестерон.
Овие хормони делуваат на задебелување на внатрешниот дел на матката и доколку не дојде до оплодување настанува менструално крварење.
Фоликулостимулирачки хормон (FSH) и лутеинизирачки хормон (LH) се хормони кои се исто вклучени, се лачат во мозокот и помагаат во созревање на јајце клетката и овулација на фоликулот.
Гонадотропин ослободувачки хормон (GnRH) се лачи во хипоталамусот на мозокот и дава сигнали за ослободување на FSH и LH.
Овулација настанува 14 дена пред следната менструација.