pH на вагина се менува во тек на возраста – различна е во детство, пубертет, репродуктивна возраст, бременост и менопауза.
Адекватна хигиена е неопходна!! Меѓутоа хигиената мора да се одржува според потребите на организмот, возраста и состојбата.
Неадекватна хигиена – било премалку или премногу или користење на неадекватни средства за хигиена може да го наруши балансот на ‘’добри’’ и ‘’лоши’’ бактерии во вагина со што се прави подлога за потенцијални инфекции и тегоби. Јаки сапуни и шампони поради базниот ефект можат да доведат до проблеми и иритација.
При бирање на средства за интимна хигиена, обавезно внимавајте на pH на препаратот и за која возраст е наменет. Во својата рутина за интимна нега обавезно користети некоја форма на вагиналети со пробиотици според упатства на лекар.