Менталното здравје претставува основа на нашето секојдневие и внатрешна стабилност, што ни помага успешно да се справиме со животните предизвици. Во денешно време, кога стресот, анксиозноста и депресијата се дел од современиот начин на живот, свесноста за неговата важност е поважна од кога било. Грижата за менталната благосостојба не само што го подобрува квалитетот на животот, туку и го зголемува нашето чувство на среќа, ја подобрува продуктивноста и ги зајакнува нашите односи со другите.
Првата средба е воведна и клинетот го запознава психологот со своите потешкотии кои го натерале да побара стручна помош. Бројот на сеанси азвиси од проблемите на клиентот и колку тој сака да работи на себе.
Возрасната граница за барање на помош од психолог не постои, може да бидат клиенти од било која возраст без разлика дали се возрасни, деца над 6 години, адолесценти, млади, возрасни или парови.