Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Грло на матка е делот од матката кој се прегледува со внесување на спекулум во вагина. Грлото е покриено со слузокожа и на него се наоѓа граница на два епитела – епител во внатрешноста на каналот на грлото и епител на надворешниот дел и на вагина. Границата помеѓу двата епитела е делот каде настануваат промени на грло на матка – еритроплакија, леукоплакија и др.. Поголемиот дел од овие промени се третираат со вагиналети. Доколку се видат промени на грлото се зема вагинален брис, ПАП тест или се прави колпоскопија (според индикација од лекар). Доколку резултатите од овие тестови покажат потреба, се прави и биопсија на грло на матка и/или LLETZ/LOOP.

На грло на матка може да се најдат и полипи – бенигни промени на грлото кои на допир и при сексуален однос крварат. Полипите се отстрануваат со полипектомија и/или фракционирана киретажа.