Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Предменструален синдром (ПМС)

Предменструален синдром претставува збир на психички и емоционални симптоми кои се јавуваат околу 2 недели пред менструацијата и се интензивираат пред самата менструација. Со започнување на менструацијата симптомите се повлекуваат.

Симптомите опфаќаат промени на расположение, депресија, нервоза, страв, умор, несоница, главоболка, зголемен апетит, појава на отоци, болка и напнатост на градите. Кај некои жени се јавуваат сите симптоми, кај повеќето само некои. Симптомите се почести кај жени со поголема телесна тежина кои немаат физичка активност и кај жени кои се изложени на стрес.

Симптомите не може секогаш да се отстранат но може да се намалат. Потребна е промена во начин на живот – зголемена физичка активност и промена во начин на исхрана. Може да пробате и со внес на витамински суплементи – магнезиум, калциум, Витамин Д, изофлавини и гинко кои помагаат во контрола на симптомите. Кога симптомите се поинтензивни потребни се лекарства – разговарајте со вашиот лекар за започнување со хормонска терапија која ќе ги отстрани симптомите.