Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Обилна и продолжена менструација претставува крварење кое трае подолго од 7 дена и/или кога количината на крварење е поголема од 100 мл во еден циклус.

Обилна менструација може да настане поради различни гинеколошки пореметувања (дисфункција на јајници, ендометриоза, миоми…) но може да настане и поради други состојби, како: дијабет, дисфункција на тиреоидна жлезда, автоимуни болести, бубрежни болести….

Обилни крварења може да предизвикаат анемија и да настанат битни метаболни промени.

Дијагноза се поставува со детален гинеколошки преглед, гинеколошки ултразвук, лабораториски испитувања и тестови за коагулација на крвта.

Терапијата зависи од причината, обично се користи хормонска и/или супституциона терапија, понекогаш кога има многу обилна менструација потребна е и ревизиона киретажа.