Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2401 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

1. Хормонските таблети може да имаат сериозни последици по здравјето.

Досегашните научни истражувања и клинички студии не покажаа озбилни штетни дејства по здравјето. Пред употреба на ваква терапија потребна е консултација со лекар и доколку е потребно и гинеколошки преглед. Потребно е да се нагласи доколку имате проблеми со тромбоза и други проблеми со крвта.

2. Интраутерина спирала може да користат само жени што родиле.

Интрутерина спирала може да се постави и кај жена што нема родено доколку нема контраиндикации.

3. Опасно е кога поради употреба на хормонска терапија менструацијата ја снемува.

Ова е заблуда, во почетокот од користењето на ваква терапија може да изостане менструацијата но со тек на време се регулира.

4. Колку подолго се пијат контрацептивните таблети толку потешко се забременува.

Плодноста се воспоставува веднаш после престанок на користење на контрацептиви. Меѓутоа се советува бременоста да се оддолжи барем три месеци поради продолженото дејство на овие хормони врз овулацијата.

5. Ако имам спирала или пијам таблети не ми треба друга заштита.

Интраутерина спирала и контрацептивни таблети спречуваат бременост но не ве штитат од сексуално преносливи болести.