Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Менопауза значи последна менструација и се дијагностицира после 12 месеци од последната менструација. Настанува кога јајниците ќе престанат со овулација на јајце клетки и нивото на хормони ќе падне на минимално ниво. Обично настанува на возраст од 45 – 55 години а може и порано, посебно после хируршки третман или хемотерапија.

Периодот пред менопауза се вика перименопауза и тоа е периодот кога жената ги чуствува најголемиот број на симптоми. Со менопаузата се зголемува ризикот од кардиоваскуларни симптоми, остеопороза, уринарна инконтиненција, зголемување на телесна тежина и проблеми со интимни односи.

Доколку симптомите на менопауза се премногу изразени потребна е терапија со хормони – хормон заместителна терапија. Оваа терапија може да биде во форма на таблети, вагинални кремови, гелови, фластер или спреј.

Пред примена на хормон заместителна терапија потребно е да разговарате со вашиот гинеколог за предностите и маните на оваа терапија.

Доколку не сакате хормонска терапија постојат и алтернативни терапии за симптоми во менопуза.