Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Контрацепција значи користење на различни методи и техники за да се спречи бременост по пат на сексуален однос. Постојат повеќе начини на контрацепција:

Природен метод

Основата на овој метод е познавање на плодни денови во тек на циклусот –овулација, тоа се обично 10 до 17 од циклус. Меѓутоа бидејќи циклусите кај секоја жена не се исти и не се секогаш редовни, овој метод е доста непрецизен.

Плодните денови може да се пратат на неколку начини:

  • Пратење на базална температура – се мери утринска температура. Во втора фаза на циклус, после овулација, поради пораст на прогестерон температурата е повисока за 0,3 степени.
  • Одредување на квалитет на цервикална слуз – во период на овулација цервикалната слуз е провидна и растеглива.

Прекинат однос

Овој метод доста често се користи и се состои од вадење на пенисот од вагина пред ејакулација. Претставува доста несигурен метод на контрацепција и доста индивидуален метод.

Контрацептивни таблети

Овие таблети содржат хормони кои ја спречуваат овулацијата. Хормоните делуваат и на други начини – преку промена на цервикалната слуз се спречува сперматозоидите да влезат во матката и преку промена во дебелината на ендометриумот се намалува веројатноста за вгнездување на ембрионот.

Контрацептивните таблети освен за контрацепција се користат и за тераписки потреби – одложување и регулирање на менструалниот циклус, кај болни менструации, кај проблеми со кожа………

Првите месеци од користење може да се јави точкасто крварење а поретко се јавува и главоболка, напнатост на градите, дебелина и мачнини. Сигурноста на овие таблети е 99% ако се земаат редовно.

Контрацептивен фластер

Овој фластер едноставно се лепи на кожата по што започнува да ослободува хормони – прогестерон и естроген. Овие хормони спречуваат да настане бременост. Фластерот се носи непрекинато 7 дена и се заменува со нов. Терапијата трае 3 недели а 4-тата недела не се носи, тогаш доаѓа до менструално крварење.

Овој метод е сигурен и лесен за употреба, има 99% сигурност а како несакани ефекти може да има иритација на кожа.

Вагинален прстен

Се работи за мал, провиден прстен со ширина околу 5см кој се поставува во вагина. Содржи хормони – естрогени и прогестерон кои спречуваат бременост. Предвиден е да стои во вагина 21 ден, после тоа се вади за да настапи менструално крварење.

Се поставува еднаш месечно. Слабост на овој метод е што пациентката мора сама да го става прстенот и вади или да посетува месечно гинеколог. Во тек на сексуален однос може да испадне. Сигурноста е 99%.

Интраутерина спирала

Спирала е мал пластичен систем кој се поставува во внатрешноста на матката и спречува бременост. Се смета за прифатлива метода на контрацепција кај жени кои не сакаат секојдневна употреба на таблети.

На пазарот има два вида на спирали: хормонска и бакарна.

Хормонска спирала испушта мала количина на хормони во внатрешноста на матката и спречува бременост. Ова спирала регулира и прекумерно крварење.

Бакарна спирала делува исто локално но со ваква спирала менструацијата може да стане пообилна.

Овој метод е едноставен, се поставува еднаш и трае неколку години. Може да се постави брзо после бременост, дури и при доење. Хормонската спирала ги олеснува симптомите на болни менструации и регулира обилни менструално крварење.

Овој метод спаѓа во еден од најсигурните методи на контрацепција.

Кондом

Кондом е механичко средство од латекс или полиуретан кој се навлекува на пенисот. Постои и женски кондом кој се поставува во вагина.

Кондомот е единствено контрацептивно средство кое спречува сексуално преносливи болести. Сигурен метод е само доколку се употребува при секој однос. Фактор на грешка е до 18% поради погрешна употреба и кинење.

Ургентна контрацептивна таблета

Оваа контрацепција се користи во првите 72 часа после незаштитен однос за да се спречи бременост. Делува исто како контрацептивна таблета – спречува овулација и имплантација. Во зависност од пакувањето може да има една или две таблети кои треба да се испијат. Следната менструација треба да дојде на време – доколку касне потребно е да се јавите на лекар.

Овој метод е решени само кога сте заборавиле на редовната контрацепција. Оваа таблета не треба редовно да се зема. Смалува ризик за бременост од 66 – 89%.

Стерилизација

Ова претставува хируршка техника кај која се подврзуваат јајцеводите со што се спречува јајце клетката да се сретне со сперматозоидот. Има висока ефикасност и е неповратна техника.