Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Контактен дерматитис е црвен осип придружен со чешање и оток што се јавува на местото на контакт на одредена супстанција со кожата. Интензитетот на реакцијата зависи од должината на изложеноста на алергенот, концентрацијата на супстанцијата, температурата на околината, близина на контакт и генетската предиспозиција. Осипот не е заразен или опасен, но е многу непријатен и ако е хроничен, може да доведе до трајно оштетување на кожата и сериозни инфекции,како резултат на чешањето.

Супстанци кои предизвикваат контатктен дерматититс се разни сапуни, детергенти за перење, козметика, бои за коса, алкохол, прав, гума за џвакање, дезодоранси, парфеми, накит, растенија, некои метали . Некои професии се повеќе изложени на алергени – здравствени работници, металци, фризери и козметичари, хигиеничари, келнери, градинари, готвачи.

За да се третира контактниот дерматитис, неопходно е да се утврди која супстанција го предизвикува (епикутано тестирање).

Откако ќе се отсрани супстанцата која предизвикува контактен дерматитис, осипот обично исчезнува за две до четири недели. Во меѓувреме, со употреба креми за хдратација или креми пропишани од лекар може да се ублажи чешањето.