Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Матката е мускулен орган кој се држи во мала карлица со помош на мускули на карлично дно и лигаменти. Кога овие структури ќе се растегнат или ослабнат не може повеќе да ја држат и настанува спад на матката – матката се лизга и се спушта во вагина.

Кај лесен степен на пролапс жените немаат симптоми но кај понапреден степен имаат чуство на притисок во долен дел на телото, чуство дека имаат некоја топка и чуство на влечење. Може да имаат и крварење, зголемен исцедок, констипација, чести уринарни инфекции…..

Ризик фактори за оваа состоба се зголемена телесна тежина, хронична кашлица, констипација и др. Дијагноза се поставува со гинеколошки преглед и гинеколошки ултразвук.

Третманот е нехируршки и хируршки. Нехируршки третман се состои од промени на животни навики, избегнување да се дигаат тешки предмети, Кегелови вежби, вагинален прстен…. Користењето на вагинален естроген дава подобрување и подобри резултати во комбинација.

Хируршкиот третман се состои од хистеректомија по вагинален пат и соодветна пластика.