Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Експлоративна киретажа е интервенција која се прави кога е потребно да се зема или да се отстрани материјал од внатрешноста на матката. Интервенцијата се прави поради дијагностички и/или поради тераписки причини во краткотрајна интравенска интервенција и/или аналгоседација.

Се изведува така што се поставува спекулум и после визуелизација на грлото на матката истото се прифаќа со инструмент. Се прави постепено проширување на цервикалниот канал по што со инструмент од внатрешноста на матката се евакуира материјал. Најчесто, во исто време се зема и материјал од внатрешноста на грлото на матката. После интервенцијата можни се слаби болки и оскудно крварење.