Поликлиника Мартини - Се што му е потребно на Вашето здравје, на едно место!

  • Јавете се на

    034 335 020; 071 296 515
  • Ул. Атанас Јанев 5

    2400 Струмица
  • Пон - Пет

    08:00 до 20:00

Дијареата е појава на повеќе од три  кашести, полуформирани столици или водени столици во текот на денот и ноќта. Во повеќето случаи, тоа трае од еден до неколку дена и не бара терапија, ако трае подолго или е придружено со други симптоми – треска, повраќање, крв во столицата, треба да побарате медицински совет.

Постојат многу причини за дијареја, од многу зачинета, лута или масна храна, преку нетолеранција на одредени видови храна, како што се лактоза и глутен, прекумерно внесување храна со вештачки засладувач – Сорбитол, терапија со одредени лекови – антибиотици, магнезиум и некои лекови кои го контролираат метаболизмот на јаглени хидрати и маснотии. Дијареата честопати е предизвикана од вируси и бактерии и во повеќето случаи нема потреба од терапија, но некои инфекции – Салмонела, Ешерихија коли и Клостридиум се сериозни и бараат третман. Исто така, постојат и инфекции со паразити кои се  манифестираат со дијареја.

 

Други видови на болести поврзани со дијареја се хронично заболување на цревата – улцеративен колитис, Кронова болест, дивертикулоза и карцином на дебелото црево. Сите овие се сериозни болести кои бараат третман и затоа е секогаш важно да се обратите кај вашиот лекар ако дијарејата трае подолго. Посебен проблем е синдром на раздразливост на дебелото црево, кога движењата на дебелото црево се нередовни и забрзани и дијареа и запек може да се појават наизменично. Синдром на иритиабилно дебело црево се влошува во ситуации кога нивото на стрес е зголемено.

 

Во најголем број од случаите со дијареја е доволно да се оди на диета – избегнувајте  мрсна и зачинета храна, млеко, внесувајте сува храна, пијте течности, додека во други тешки ситуации со дијареја е неопходно да се добие инфузија со електролити кои се губат со столица. Во случај на сериозна болест, се прават дополнителни тестови – тестови на крвта и столицата, ендоскопија, колоноскопија и др.